Дани Олмо е репрезентативец на Шпанија во селекцијата до 21 година, блесна на ЕП во Италија, го привлече вниманието и сега е во фокусот на многу големи клубови.

Олмо  е во Динамо Загреб од 2014 година, сега тимот од Хрватска е на слатки маки, има интерес по настапот на  младинското првенство за овој играч од многу гиганти од Европа. Шпанија утре во финалето се среќава со Германија.

Шпанскиот младински репрезентативец можеби ја најави својата следна дестинација, Милан е голем клуб изјави перспективниот играч кој сега вреди над 10 милиони евра, Динамо Загреб го доведе буквално за беспари.