Англиските медиуми рано утринава ја објавија веста дека Жозе Мурињо и официјално е нов менаџер на Тотенхем, по отказот за Маурицио Покетино.

Сепак „специјалниот“ не бил во прв план кај сопственикот Даниел Леви кој веќе извесно време  го исконтактирал Лестер сити за менаџерот Брендан Роџерс. „Лисиците“ веднаш го одбиле Леви и му порачале дека нема шанси да се откажат од својот менаџер по фантастичниот старт на сезоната по кој тимот е на втората позиција на табелата.

Тоа го натера  Леви да стапи во контакт со Мурињо, кој без ангажман е од минатиот декември  по отказот од Манчестер Јунајтед.