Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Даниел Стариџ, доби забрана да се бави со фудбал до 17 јуни 2020 година.

Како што пишува Sky Sports, на Стариџ му е забранета било каква активност врзана за фудбалот во целиот свет, а дополнително доби и казна од 150000 фунти.

Тој е обвинет дека ги наруши правилата на Фудбалската асоцијација на Англија (FA) во врска со обложувањето.

Имено, Стариџ му ги соопштувал на својот братучед информациите за трансферите што треба да се реализираат. Па така, неговиот  роднина уплати 10000 фунти на тоа дека Стариџ е оди во Милан, затоа што во тој момент страните беа блиску до договор. Кога изби аферата Стариџ место во Милан замина на позајмица во Вест Хем.

Исто така, тој на својот роднина му ги пренесе информациите дека е можен негов трансфер во Севилја, за што доби дисквалификација на 6 недели и парична казна од 75000 фунти.

Стариџ вчера го раскина договорот со Трабзонспор, со кого минатото лето потпиша тригодишен договор.