Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Даниел Стариџ е казнет со забрана за играње фудбал од две недели и со парична казна од 75 000 фунти.

Стариџ е прогалсен како виновен во постапката која се водела поради прекршување на правилата за спорско обложување. Предходно беше казнет со шест недели забрана но таа е намалена од регулаторната комисија во ФА.

Стариџ сеуште е во потрага по нов клуб откако го напушти Ливерпул како слободен играч. Последните најави се дека кариерата ќе ја продолжи во САД.