Пет години по најдобрата сезона во својата кариера, англискиот напаѓач, Даниел Стариџ се сели во Турција.

„Ливерпул ехо“ јавува дека тој допатувал во земјата за да потпише договор со Трабзонспор вреден три милиони годишно. Во новиот клуб го чека стариот познаник од Премиер лигата, Џон Оби Микел, кој во 2006 до 2017 беше првотимец на Челси.

Стариџ ќе биде третиот Англичанец во актуелните состави на турските суперлигаши. Некогашниот експлозивен голгетер помина шест ипол години на „Енфилд“.

Постигна 67 погодоци на 160 официјални натпревари, а во тандем со Луис Суарез ја имаше најдобрата сезона 2013/14.