Поранешниот дански репрезентативец Томас Каленберг е заразен од коронавирусот, пишува AP.

Неодамна тој се врати од Амстердам, а на 1 март присуствуваше на средбата на својата поранешна екипа Брондби која играше со Лингби.

Брондби на својот официјален сајт соопшти дека 13-етмина кои имаа контакт со Калемберг се ставени во карантин. Меѓу нив има играчи, тренери, па дури и генералниот директор на Брондби, Оле Палма.

И Лингби објави дека тројца нејзини фудбалери, кои се поздравија со Каленберг, се ставени во карантин.

Брондби исто така замоли во клубот да се јават сите кои се ракуваа или се грлеа со Каленберг, па дури и тие кои седеа повеќе од 15 минути на далечина до два метри од Томас Каленберг.