Легендарниот Дарио Срна на прес конференција во Киев потврди дека нема да игра повеќе но дека ќе остане во фудбалот и ќе започне тренерска карира како помошник на актуелниот тренер на Шахтјор.

„Сакам да им се заблагодарам на моите родители, семејство, пријатели и колеги што беа со мене во текот на целата моја кариера. Без нив немаше да го достигнам ова. Имаше и убави и лоши моменти но сега се враќам дома. Се враќам во мојот Шахтјор каде ќе имам поинаква функција.“– изјави Срна.

Дарио Срна е актуелен рекордер по бројот на натпревари, 134 во дресот на Хрватска од кои на 68 ја носеше капитенската лента.