19-годишниот македонски фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов е на мета на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, јавува Си Ен Ен Турк.

Турците по заминувањето на Елиф Елмас во Наполи, одново ја бараат во македонски фудбалер, па иако младиот играч има договор со Келн, сепак Фенербахче го сака во своите редови.

Според информациите засега нема конкретна понуда или барање кон неговиот матичен клуб од страна на турскиот гигант,

Чурлинов минатата година беше најдобар стрелец во Бундеслигата до 19 години со постигнати 18 гола минатата сезона, а од оваа сезона нашиот најмлад дебитант во фудбалската репрезентација на Македонија се приклучи на првиот тим на Келн и ќе настапи оваа година во најсилната лига на оваа земја,Бундес лигата.