По четири години пауза Македонија повторно има играч во Бундеслигата во името на младиот Дарко Чурлинов кој денес ги одигра првите минути за Келн во германското фудбалско првенство.

Чурлинов во игра влезе во 70. минута кога Келн губеше на гостувањето кај Волфсбург со 2-0. Мечот на крајот заврши со 2-1 за домаќините.

По натпреварот македонскиот фудбалски репрезентативец екслузивно за Дриблинг.мк изјави дека е пресреќен поради дебитанскиот настап.

„Од 14 години сум во Германија и навистина за мене оваа е еден огромен успех,се оствари мојот сон.Пресреќен сум и задоволен од мојот настап на денешната средба каде се чуствував сигурно. Келн ми укажа голема шанса,чест и привилегија пред се оваа сезона да бидам дел од првиот тим,а воедно и да настапам на денешниот меч. Работев напорно на подготовките и наградата дојде. Очекувам нова шанса и се ќе бидам уште посреќен кога ќе го постигнам првиот погодок во Бундес-лигата.” – иѕјави Дарко Чурлинов за Дриблинг.мк.