Екипата на Штутгарт денеска на гости се среќава со Вехен во Бундеслига 2, фудбалот во Германија се врати на програмата а со тоа очекуваме и настапите на Дарко Чурлинов да продолжат за Штутгарт.

Чурлиов од зимава е член на Штутгарт, неговиот тим денеска ќе гостува кај Вехен, се надеваме на настап на македонскиот репрезентативец.

Штутгарт е на второто место со 45 бода, има шест помалку од лидерот Билефелд, двете првопласирани екипи одат директно во Бундеслига 1. Средбата меѓу Вехен и Штутгарт е закажана за 13-30 часот.