Најмладиот дебитант во сениорската фудбалска репрезентација и член на германскиот бундеслигаш Келн Дарко Чурлинов денес настапи за оваа екипа на пријателската средба против нисколигашот Ројтлинген меч кој што е подготовка за новата сезона во Бундес лигата.

Чурлинов беше стартер на мечот и одигра едно полувреме од натпреварот. Со цел сите да добијат шанса на мечот и поради убедливата предност од првиот дел во корист на Келн, тренерот на тимот Aхим го поштеди нашиот репрезентативец и на паузата помеѓу првото и второто полувреме го извади од игра.