Најдобриот македонски фудбалер на 20. век Дарко Панчев влезе во комисија која ќе работи на доделување на одличја и признанија која е дел од кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

На состанок кој се одржа во кабинетот на првиот човек на државата, за претседател на Комисијата за одликувања и признанија е именуван Марјан Ѓуровски, а за нејзини членови именувани се академик Луан Старова,  Дарко Панчев,  Сабина Ајрула,  Билјана Пеева-Ѓуриќ, Весна Ѓиновска Илкова и Мирослав Стојановски.

Пендаровски на состанокот соопшти дека при носењето на одлуката за составот на комисијата се водел од потребата во неа да членуваат поединци кои низ животниот пат оставиле своја трага. Дарко Панчев е единствениот некогашен професионален спортист кој е дел од оваа комисија.