Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски повторно се повредил, пренесуваат медиумите од Хрватска. Централниот дефанзивец почуствувал болки во вратот, и можно е да не биде во комбинација за настап за утрешниот натпревар на Ријека и Локомотива Загреб.

Велковски предходно имаше проблеми со мускулот на ногата а во последните две години често пати е надовр од конкуренција токму поради најразлични повреди. Сепак, оваа последната не е сериозна и има шанси Велковски да се опорави навреме и да може да игра против тимот од Загреб.

Риека по 28 кола е на третото место на табелата во најсилното фудбалско првенство на Хрватска и води мртва трка со Хајдук и Локомотива за второто место на табелата кое води во Лигата на шампиони на УЕФА.