Поранешниот македонски репрезентатвиец, Давид Бабунски, одигра 51 минута за Омија во втората лига на Јапонија.

Омија загуби на овој меч со  4-1 од Ехиме, Бабунски беше стартер но беше заменет по шест минути игра во вториот дел.

Тимот на Бабунски, Омија во втората лига на Јапонија се наоѓа на второто место по 29 одиграни натпревари, оваа позиција на табелата носи пласман во најсилната лига на оваа земја, тоа е амбицијата на клубот на поранешниот наш репрезентативец.