Додека во Арсенал размислуваат дали да ја искористат опцијата за автоматско продолжување на договорот на уште една година со Дави Луиз, стоперот си бара нов клуб.

Бенфика е расположена по втор пат да го ангажира но платата ќе му биде поразлична, за 40 000 евра неделно помала од таа што ја заработува во Лондон.

Даив Луиз потврди дека веќе разговарал со челниците на Бенфика за негов евентуален кам-бек ова лето во клубот од каде се пресели во Челси пред девет години за траснфер оштета од 22 милиони фунти.

„Точно е разговаравме за моето евентуално враќање. Мојот сон е да ја завршам кариерата во Бенфика но ќе видиме што ќе се случи.“ – истакна Луиз.