Во МЛС лигата од наредната сезона ќе настапува и Интер Мајами. На чело на овој американски клуб е некогашната звезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Дејвид Бекам, кој има цел да доведе некои звучни имиња и да привлече доста посетители на стадионот во Мајами.

Мнозинство од светски фудбалски имиња се споменуваа во последните месеци за трансфер во Мајами, но сега е познато и првото официјално засилување, а според Independent тоа е фудбалерот на Манчестер Сити, Давид Силва. е ќе биде искусниот шпански везен Давид Силва кој после оваа сезона ќе премине во Мајами.

33 годишниот Шпанец ќе го раскине договорот со Манчестер Сити на крајот од сезоната и до сега има нагласено дека оваа сезона ќе биде негова последна во Премиер Лигата, со што ќе биде завршено неговото 10-годишно играње на Етихад.