Шпанскиот репрезентативец, Давид Силва ќе игра во Манчестер Сити до крајот на следната сезона по што посакува да се врати во неговата родна земја. 33 годишниот Силва има уште 12 месеци од актуелниот договор со „граѓаните“ а во Манчестер е од 2010 година по трансферот од Валенсија.

„Ова е мојата последна сезона во Сити. Десет години во еден клуб за мене е перфектно. Не можам да се замислам да играм во друг клуб и да му се спротиставам на Сити. Би сакал кариерата да ја завршам во Лас Палмас но тоа зависи од нив. Ова ќе се случи само ако се вратат во Примера“. – изјави Силва.

Плејмејкерот со Манчестер Сити освои четири титули во Премиерлигата и преставува еден од најзаслужните играчи за напредокот на сините од Манчестер во историјата на клубот.