Џенова во сабота од 18 часот ќе и гостува на Болоња во натпревар од 24 коло од Серија А. Предводникот на тимот во кој настапува Горан Пандев е свесен за предизвикот и за силата на противникот.

Давиде Никола побара од неговите играчи да го подигнат ритамот да се обидат да ја продолжат низата без пораз во обидот да освојат уште некој бод во трката за опстанок во Калчо лигата.

„Последните три натпревари остваривме задоволителни резултати но мора да го забрзаме начинот на кој играме. Сакам да ја видам Џенова во турбо ритам. Сакаме да подобриме повеќе сегменти, се гокусираме на балансот кој треба да ни донесе предност и во нападот и во одбраната. Тимскиот пристап е тој прави разлика.“ – изјави тренерот на Џенова, Давиде Никола.

Џенова последен пат победи на теренот на Болоња во 2016 година.