Манчестер Сити освои бод во дербото со Тотенхем во 2 коло од Премиер лигата но поништениот гол на „граѓаните“ во судиското надополнување сеуште е тема за анализа во Англија.

„Мислам само на едно нешто, правилата мора да се прецизини. Ако некој од Тотенхем ја добре топката со рака во шеснаесетникот тоа не е пенал за нас, но ние да ја допреме топката со рака не ни е дозволено.“ – изјави Де Бруин.

Тој призна дека во соблекувалната на Сити биле разочарани од ремито со ривалот но верува дека работите ќе се променат во следните натпревари.