Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола веројатно ќе биде без Кевин Де Бруин во пресрет на мечот со Динамо Загреб во Лигата на шампиони.

Белгиецот не тренираше на еден од тренинзите на Етихад, поради ситна повреда на десната нога. Сепак, шпанскиот стручњак може да се радува со тоа што во конкуренција за мечот со хрватскиот шампион се враќа Кун Агуеро. Аргенинецот го пропушти последниот меч од Премиер лигата против Евертон, кој Сити во финишот на мечот успеја да стигне до 3 бода.

По првите натпревари од оваа група и двете екипи остварија победи над Шахтјор, односно Аталанта која беше посрамотена на „Максимир“ од Динамо Загреб со убедливи 4-0.