Англиските медиуми пренесоа информација дека раководството на клубот од „Олд Трафорд“ успеале да го наговорат Де Геа, да остане во Манечстер Јунајтед.
Шпанецот се предомисли и најверојатно ќе ја прифати понудата од 20 милиони евра по сезона и ќе потпише нов договор со англискиот тим.
Во меѓувреме Пол Погба ги налути навивачите на Манчестер Јунајтед. Островот „грми“ за неговиот потег. Имено, Французинот наводно го контактирал Маурицио Сари и побарал од него мислење за своето враќање во Јувентус.
Сега таа опција станува и единствена за Погба кој со сите сили сака да се врати во поранешниот клуб.
Јунајтед и понатаму бара 150 милиони евра, Јувентус нуди 100 и Даглас Коста, а Солскјер се плаши дека ако Погба остане ќе биде проблем во соблекувалната, како што на своја кожа го почувствува тоа Мурињо.
Be the first to write a comment.