Јунајтед е во големи проблеми пред дербито со Ливерпул,  Давид Де Хеа и Пол Погба дефинитивно нема да играат в недела.

Како што јавува „ББЦ“, се прават големи напори Де Хеа да биде на голот на ова важно дерби но шансите се сведени на минимум за настап на Шпанецот.

Пол Погба и официјално нема да игра откако не е санирана повредата на стопалот на играчот од средниот ред на „ѓаволите“.

Французинот последниот меч го одигра на 30. септември против Арсенал кој заврши без победник 1-1.

Јунајтед има две победи, три порази и исто толку нерешени средби по 8 одиграни натпревари. Ливерпул е со максимален ефект, осум од осум.