Претседателот на Наполи, Алулерио Де Лаурентис му посака добредојде на Елиф Елмас. Нашиот сениорски репрезентативец стави потпис на пет годишен договор според кој ќе зааработува по 1,3 милиони евра по сезона плус дополнителни бонуси.

Елмас предходно доби честитки за трансферот во Наполи од повеќе познати наши фудбалери и фудбалски работници меѓу кои и селекторот Игор Ангеловски. 

Елиф најави дека трансферот во Италија е вистински предизвик за да му покаже на светот колку вреди.

Со среќа Елиф !