Извесно е дека Елиф Елмас ќе се пресели во Италија и Фенербахче ќе го замени со Наполи. Ова го тврди претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис во изјава за италијанските медиуми.

„Вистина е, Елмас до крајот на оваа недеал доаѓа во Наполи“. – тврди Лаурентис.

Според последните информации, Наполи ќе му плати на Фенербахче 18 милиони евра со дополнителни бонус а Елмас ќе добиде петгодишен договор според кој ќе заработува по 1,5 милиони евра годишно.