Наполи и официјално го обнови договорот со производителот на спортска опрема „Капа“ на уште две сезони.

Италијанската компанија  и Наполи потпишаа договор од 8 милиони евра по сезона, а оваа соработка датира од 2014 година, кога тимот од Неапол го раскина договорот со „Макрон“.

Денес клубот објави дека го продолжиле партнерството со Капа уште две сезони, при што договорот истекува на крајот на кампањата 2021/22.

Капа, исто така, е спонзор на  Џenенова, Бреша и Сасуоло во Серија А, а исто така се шпекулира дека е близу до постигнување на договор со Фиорентина.