Аурелио Де Лаурентис со една изјава потврди дека ќе го „избрише“ скоро целиот прв тим на Наполи, дел од стандардата постава на тимот од Неапол е во „војна„ со претседателот на клубот.

Наполи е во резултатска криза, играчите не сакаат да ја слушаат управата на клубот, Де Лаурентис нема трпение и изјави:

„Сите ќе ве избркам, не ми требате, одите на продажба“

Ова беше јасна порака до бунтовниците дека се ставени трансфер листа, Кулибали, Мертенс, Алан, Хусај, Каљехон… се дел од играчите кои ќе бидат продадени уште во јануари.

Проблем за Де Лаурентис е тоа што голем дел од играчите ќе бидат продадени по пониска цена од реалната вредност поради ситуацијата во клубот, Елиф Елмас останува во Неапол.