Аурелио Де Лаурентис потврди дека Калиду Кулибали е на продажба но не по секоја цена, кој сака да го види Сенегалецот во своите редови знае колку треба да плати.

Манчестер Сити има понуда од 65 милиони евра но таа е недоволна, Де Лаурентис не сака да го продаде Кулибали под  планираната.

„Кулибали е прекрасна личност, не би сакал да го продадам, но таков е трансфер пазарот, Сити има понуда од 65 милиони, но тоа е премалку, кога ќе ја видам потребната понуда на маса ќе размислам, сите знаат колку вреди нашиот играч, попуст нема да има“ – изјави Де Лаурентис.