Додека Јувентус се подготвува за новата сезона под водство на Маурицио Сари, ривалот од Неапол продолжува со провокациите за нивниот поранешен прв тренер.

„Не сум изненаден што Сари премина во Јувентус, во модерниот фудбал нема простор за тврда лојалност. Тој не освои ниту една титула со нас и се надевам дека нема да освои ништо ни со Јуветус. “– вели првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

Ривалството меѓу Наполи и Јувентус е во поинаква димензија во последните неколку години особено по падот на формата на двата клуба од Милано.