Според „GazzettadelloSport“ претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис бил на преговори во Калифорнија со Златан Ибрахимовиќ.

Де Лаурентис потенцира дека понудата е официјално дадена, сега се зависи од Швеѓанецот.

„Бев Калифорнија, вечеравме со Златан, сега се зависи од него“ – изјави Делаурентис.

Отворена е можноста Ибрахимовиќ да се врати во Италија, неговиот договор со ЛА Галакси завршува во декември, иако има 38 години игра во одлична форма.