УЕФА сериозно размислува да и наложи на Барселона, натпреварот со Наполи наместо на „Камп Ноу“ да се игра во Португалија или можеби и во Германија.

Во Барселона имаат сериозен проблем со коронавирусот и ширењето на пандемијата.

„Не разбирам зошто треба да играме во град кој има толку големи проблеми. Свесни сме за ризокот кој го носи гостувањето во Шпанија. УЕФА размислува на оваа тема и мислам дека нема некој кој ќе ги спречи во нивните намери. Ако решат да играме во Португалија или во Германија, ние нема да имаме проблем со тоа.“ – изјави Де Лаурентис, претседателот на Наполи.

Реваншот меѓу Барселона и Наполи од осминафиналето во Лигата на шампионите треба да се игра на 8 август, натпреварот во Италија заврши 1:1.