Капитенот на Ајакс, Матијс Де Лигт им ја соопшти олуката на челниците на Барселона околу неговиот најавен трансфер на Камп Ноу. Клиентот на Мино Раиола одлучил дека нема намера да ја пријати понудата од Барселона и покрај големата плата која му е ставена на маса.

Стоперот решил дека нема иднина за него во Барселона што значи дека Јувентус, Манчестер Јунајтед, Ливепрул и ПСЖ можат слободно да ги продолжат напорите да го убедуваат централниот бок за преселба во нивните тимови.

Барселона беше фаворит за трансферот на Де Лигт со понудата од 75 милиони евра до Ајакс но играчот очигледно сака да премине во клуб каде што ќе има првотимски статус.