Матијс Де Лихт во Јувентус дојде по тешки преговори со Ајакс како големо засилување, сепак на првиот меч сезонава остана на купата на „старата дама“.

Јувентус победи со голот на Кјелини, запиша победа против Парма, големото засилување остана на клупата.

„Секако дека сакав да настапам. Морам да признаам дека не очекував да бидам на клупата, но ја почитувам одлуката на тренерот. Се привикнувам на Италија, Кјелини и Бонучи ги сметам за едни од најдборите стопери во светот. Ќе направам се да се наметнам за првотимски статус“ – изјави Де Лихт.

Холанѓанецот во Јувентус дојде за 86 милиони евра, ДеЛихт има 20 години и го очекува дебитантскиот настап за тимот од Торино во второто коло.