Најбараниот млад фудбалер во Европа, дефанзивецот на Ајакс, Матијас де Лихт донел одлука каде сака да ја продолжи кариерата.

Според изјавите на неговиот менаџер Рајола, Де Лихт се одлучил за Јувентус.

Рајола за холандски „Телеграф“ истакнал дека 19 годишниот фудбалер го прифатил повикот на клубот од Торино.

„Матијас се договори со Јувентус и сега е Ајакс на ред да ја среди работата. Мора да го почекаме договорот на двете страни, но едно е сигурно нема да има никакви тужби или арбитражи. Де Лихт ќе почне да тренира, нема да глуми дека е болен, тоа не е тој. Но, ќе почека и двете страни што поскоро да најдат заеднички јазик бидејќи навистина му се оди само во Јувентус.“ – порачува Рајола.

Останува да видиме дали трансферот ќе се реализира бидејќи Ајакс претходно ја одби првата понуда од „Старата дама“, вредна 50 милиони евра.

Де Лихт ги одби понудите од гигантите Барселона, Манчестер Јунајтед и ПСЖ.