Новото засилување на Јувентус, Матијс Де Лихт одлучи јавно да ја прокоментира одлуката поради која прифатил да се пресели во Италија.

„Секој ден има нешто ново. Имало и клуб кој не сакал да ме купи поради  дебелината на татко ми и поради тоа ќе имале проблеми со мене во иднина. Јас можам само да кажам дека мене не ме носеа парите пред да одлучам каде ќе продолжам. За мојот агент има секакви озборувања но јас знам дека се направивме за мојот развој и не ми е важно што зборуваат другите. “ – тврди Де Лихт.

За репрезентативецот на Холандија постоеше интерес од ПСЖ, Барселона и од Манчестер Јунајтед но на крајот стоперот одлучи да се пресели во Торино.