Дефанзивецот на Јувентус, Де Лихт посакува на престојното Европско првенство да има навивачи на трибините и верува дека Ван Дикј ќе успее да се врати во форма за континенталното првенство.

Холандија е во група со Австрија, Украина и Македонија, а стоперот верува дека сите селекции се предизвик на различен начин.

„Среќен сум дека се квалификувавме, но мислам дека не добивме баш лесна група или такво нешто. Сите репрезентации во нашата група треба да ги третираме со почит. Не смее да има потценување, сите противниците заслужуваат шанса.“– вели Де Лихт.

Македонија на ЕУРО 2021 против Холандија треба да игра во третото коло во Амстердам на 21 јуни.