Каталонскиот „Спорт“ објави текст во кој тврди дека пресудно за транферот на Матијас Де Лихт во Јувентус била одлуката на Барселона која го сметала овој играч за неперспективен , се откажала од него и тоа го искористил Јувентус.

Според овој извор, Мино Раиола бил причината поради која Јувентус ја добил трката со Барселона. Тој му се јавил на играчот и му кажал дека добил понуда од Италија кој не смее да се пропушти.

Барселона имала план да ги добие двајцата играчи на Ајакс, Де Јонг и Де Лихт но поради финансиските барања и проценката дека дефанзивецот нема да се развие во играч од светска класа, се откажала од идејата за ангажман на стоперот.

Што од ова е точно наскоро ќе биде јасно иако многу навивачи на Барселона се разочарани од фактот дека стоперот е нов играч на Јувентус.