Италијанскиот фудбалски репрезентативец Даниеле де Роси одлучи да остане во Серија А, а за него се заинтересирани пет големи клубови објавија медиумите од оваа земја.

Најизвесна дестинација за поранешниот капитен на Рома е Сампдорија, каде нов тренер е Еусебио ди Франческо, а претседател е Масимо Фереро, човек кој навива за Рома.

La Gazzetta dello Sport тврди дека Де Роси пред еден месец добил понуди од Сампдорија,Интер, Милан и Фиорентина, но и Аталанта која ќе игра во ЛШ.