Де Роси, покрај Франческо Тоти, е еден од главните заштитни знаци на клубот од Рим. Овој 35-годишен фудбалер дебитираше уште додека беше тинејџер и напредуваше многу во текот на кариерата.

Неговиот договор со Рома завршува на крајот на сезоната, а денеска клубот соопшти дека нема да му ја продолжи соработката, па така Де Роси по 18 години ќе замине од екипата.

Искусниот фудбалер досега во кариерата одигра 615 натпревари за Рома, а притоа постигна 63 голови и има 54 асистенции, а со клубот освои три трофеи, два во италјанскиот Куп и еден во Суперкупот.