Поранешниот фудбалер на Рома, Даниеле Де Роси се уште е во болница, каде што беше примен откако му се влоши здравствената состојба.

Легендата на Рома се здоби со коронавирус пред неколку дена во кругот на италијанската репрезентација, на која неодамна се приклучи како дел од стручниот штаб на Роберт Манчини.

Тој од вчера е во римска болница со воспаление на белите дробови.

„Дојдов затоа што имав премногу симптоми кои не само што не исчезнаа, туку и се влошија. Вчера наутро станав од столот како и обично, но за малку ќе се онесвестев. Ушите ми зуеја и за малку ќе паднев. Побарав да ме пренесат во болница “, рече Де Роси, додавајќи дека му била дијагностицирана билатерална интерстицијална пневмонија.

” Не е во најлоша фаза, но јас го имам. Би сакал да не беше така, особено затоа што лекарите рекоа дека не сум дошол на време и тоа оставило последици и направило дополнителни компилкации.“