Тестот на коронавирус направен на дефанзивецот на Хановер, Тимо Хјуберс, покажа позитивен резултат.

Во соопштението на клубот, кој настапува во втората Бундеслига, се потврдува болеста на Хјуберс но и се подвлекува дека овој 23-годишен фудбалер немал контакт со своите соиграчи од моментот на инфицирање.

Иако нема ризик за играчите и за стручниот штаб на Хановер, сите сепак ги минаа испитувањата.

Во овој момент Хјуберс е во домашен карантин и тој нема да игра против Динамо Дрезден, додека Хановер нормално се подготвува за оваа средба.