Тимот на Реал Мадрид синоќа повторно ги разочара своите фанови, откако не успеаа да го совладаат Бриж на домашен терен.

За малерот да е поголем за „кралевите“ се повреди Начо кој заработи повреда на лигаментите, повреда која ќе го одалежи подолг временски период од фудбалските терени.

По првите два меча Реал Мадрид е без триумф, откако во првото коло беа убедливо поразени од ПСЖ со 3-0. Следниот меч „кралевите ќе го играат против Галатасарај кој синоќа загуби минимално со 0-1 од „светците“.