Централниот дефанзивец на Валјадолид, Мохамед Салису, го привлече вниманието на три топ европски екипи.

20-годишниот фудбалер од Бенин им падна во око на скаутите на Реал, Атлетико и на Манчестер Јунајтед. Трите клуба веќе контактираат со раководството на Валјадолид.

Откупнината на Салису е 12 милиони евра и се чини дека најблиску до него е Реал, кој има одлични односи со сопственикот на Валјадолид, Роналдо.

Оваа сезона Салису настапи на 23 средби на Валјадолид во Ла Лига и забележа по еден гол и асистенција, а имаше и два жолти картони.