Италијанската фудбалска федерација ФИГЦ официјално потврди дека средбата во недела, Јувентус -Интер ќе се игра зад затворени врати, без публика во Торино.

Пресметката за скудетото и „Дерби на Италија“ дефинитивно ќе биде без публика, имаше најава и барање да се дозволи навивачите да бидат на стадионот во Торино, но Коронавирусот едноставно ги „избрка“.

ФИГЦ со соопштение потврди дека мечот Јувентус – Интер се игра зад затворени врати, секако истата одлука останува и  за останатите средби викендов, Удинезе  – Фиорентина, Милан -Џенова, Парма -Спал и Сасуоло – Бреша.