Репрезентативец на Македонија во Таеквондо,  Дејан Георгиевски го освои второто место на Европското првенство во БиХ, по тој повод, денес Агенцијата за млади и спорт организираше прес-конференција во која директорот Наумче Мојсовски му  честиташе за освоениот сребрен медали му посака многу успех во иднина.

Георгиевски потенцираше дека негов императив во 2021 година е настап на Олимписките игри во Токио.

„Бев на бод од златото, но понекогаш мал пад на концентрацијата или спортската среќа се пресудни во овој спорт. Искрено се надевам дека претстојните квалификации за ОИ, кои се закажани за мај 2021 во Софија ќе бидат последен чекор на мојот пат за Токио“ –  изјави Георгиевски.