Дејан Илиев, повремениот репрезентативен голман на Македонија, во новата сезона 2021/22 ќе биде дел од Серед, тим од Словачка. Ова е негово враќање по две години, откако Македонецот со успех бранеше во тој тим во првенството во Словачка.

Оваа вест попладнево ја потврдија и од Арсенал, неговиот клуб, и од Серед каде што одново доаѓа како позајмен играч.

Да потсетиме дека во текот на изминатите денови се шпекулираше со трансферот на Илиев во Салфорд, но сепак “топчиите“ одлучија да го пратат Македонецот одново во Словачка.

Илиев има 26 години и неговиот договор со Арсенал истекува на 30 јуни 2022  и навистина е прашање дали пак ќе се врати во клубот од северен Лондон, клуб од кој е дел од 2012 година.