Репрезентативниот голман, Дејан Илиев  една сезона ќе го чува голот на Серед , оваа екипа игра во најсилната фудбалска конкуренција на Словачка.

Илиев ќе работи со Славчо Војнески, нашиот тренер е шеф на стручниот штаб на оваа екипа. Арсенал според договорот ќе има право да го врати назад Илиев и по шест месеци ако за тоа има потреба.