Играчот од средниот ред на Парма, Дејан Кулушевски, вели дека Јосип Иличиќ е најдобриот играч со кој играл заедно, а негов идол е крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Еден Азар.

Кулушевски,  следната сезона ќе го облече дресот на Јувентус, преку Инстаграм даде интервју и одовори на низа прашања во врска со неговиот живот и кариера.

„Јосип Иличиќ е најсилниот и најдобар фудбалер со кого сум играл. Тој е еден од  најдобрите во светот, нема сомнение. Научив многу од него. Во клубот  го нарекуваа  „баба “, но тој не е старец. Кристијано Роналдо и Даглас Коста се најсилните противници со кои се соочив. На последниот натпревар што го игравме против Јуве, Роналдо беше многу добар“-изјави Кулушевски.

Швеѓанецот со македонски вели дека времето во самоизолација го користи да чита, готви и гледам сè што е поврзано со кошарката.