Репрезентативецот на Холандија Дејли Блинд пред две години преживеа вистинска траума кога на редовен медицински преглед му беше пронајдена срцена маана поради која мораше некое време да биде одвоен од зелениот терен.

Баш како што е случајот со Кристијан Ериксен и за сегашниот фудбалер на Ајакс тврдеа дека немад а може да ја продолжи професионалната кариера, но 31 годишниот дефанзивец ги демантираше.

„Откако дознав за срцевата маана многу луѓе веќе ме отпишаа велејќи дека никогаш веќе нема да можам да играм фудбал. Гледајте каде сум сега. Многу ми смета кога многумина тоа сега го тврдат и за Ериксен“– вели Блинд.

На Блинд му беше вграден апарат за автоматска реанимација во случај на срцев удар, слично како и кај Ериксен. Покрај за Ајакс, дефанзивецот настапуваше и за Манчестер Јунајтед, а за Холандија засега има 81 настап.