Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација, легендарниот Дејвиде Бекам, склучи извонредна зделка со инвеститори од Катар, вредна 180 милиони фунти или 216 милиони евра, за својот клуб Интер Мајами.

Како што пишува The Sun, оваа зделка ги надминува сите претходни спонзорски договори и е резултат на енергијата на Бекам и преговарачките способности на неговиот агент Дејвид Гарднер.

Катар е во обид да го подобри својот имиџ и затоа продолжува со инвестициите во странство, а Интер Мајами идеално се вклопува во таа слика.

Инаку, Интер Мајами оваа сезона ќе дебитира во американската МЛС фудбалска лига, а својот прв натпревар ќе го одигра на 22 март против Далас.