Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојес, реши да се самоизолира, откако дозна за болеста откриена кај Микел Артета.

Имено, според информацијата на Sky Sports, Мојес неодамна се виде со Артета, кај кого вчера е пронајден Коронавирусот.

Поради тоа Мојес реши да се самоизолира од своето семејство и од својот клуб.

Претходно во карантин замина и комплетен Арсенал, односно сите што биле во контакт со Микел Артета.